Connect with us

„Ѓаволите“ со пресврт го надмудрија Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го совлада Брајтон со 2-1 и се зацврсти на втората позиција на табелата во Премиер – лигата. Тимот на Оле Гунар Солскјер дојде до триумф со пресврт во второто полувреме, со головите на Маркус Рашфорд и на Мејсон Гринвуд.

Дани Велбек во 13.минута донесе предност за Брајтон на „Олд Трафорд“, а „ѓаволите“ долго бараа решение како да одговорат.

Рашфорд во 62,минута успеа да израмни, а Гринвуд во 83. минута донесе победа за Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови