Connect with us

Гави ја освои наградата „Рајмонд Копа“

Фудбалерот на Барселона, Гави, е добитник на наградата „Рајмонг Копа“ за најдобар млад фудбалер во светот за сезоната 2021/22. Тој во изборот на „Франс Фудбал“, ги победи Едуардо Камавинга, Џамал Мусијала, Џад Белингем и Нуно Мендеш.

Наградата му ја додели неговиот соиграч Педри, кој лани беше добитник на трофејот „Рајмонд Копа“, заедно со Бразилецот Роналдо.

Садио Мане ја доби наградата „Сократес“ за несебично помагање на своите сонародници во Сенегал, градење болници, училишта, фудбалски терени…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови