Connect with us

Галтие: Шансите се подеднакви, респект за Баерн, но и ПСЖ е многу, многу силен тим

Пари Сен Жермен вечерва на „Паркот на принцовите“ го пречекува Баерн Минхен во првиот меч од мегадулот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Под голем притисок е тренерот на „светците“, Кристоф Галтие, со оглед дека тимот забележа два порази на домашна сцена, а раководството на клубот посакува ПСЖ конечно да го освои трофејот во ЛШ.


„Сите фудбалери на ПСЖ се навикнати на вакви натпревари. Ова е вистинската мотивација, да се игра против најдобрите во Европа и да се победи. Се соочуваме со голем ривал, Баерн Минхен заслужува максимален респект, но можам да кажам дека шансите за пласман понатаму се подеднакви и за двата тима. Кој ќе успее да ги искористи шансите или евентуалните грешки на противникот, тој ќе слави на крајот. Тие играат добро, а ние сме во пад, но секој натпревар е нова можност да се покаже целиот квалитет. А нема сомнение дека ПСЖ е многу, многу квалитетен состав“, изјави Галтие.

Првиот меч се игра вечерва, од 21 часот, на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови