Бразилецот Габриел Жесус не се согласува дека Арсенал ги загубил шансите за титулата по ремито (3-3) против Саутемптон. Сега „топчиите“ имаат пет бода предност пред Манчестер Сити, но и два меча повеќе од ривалот, а допрва треба и да гостуваат на „Итихад“.
„Треба да останеме позитивни затоа што имаме неверојатна сезона. Ова е Премиер – лига и многу тешко е да се стигне до победа на секој натпревар. Имаме тежок период, но треба да се држиме заедно и да размислуваме дека има уште многу што да се направи до крајот на сезоната. Сè уште ништо не е готово. Ние сѐ уште сме пет бода пред Сити, иако тие имаат два натпревари помалку. Ако сакаме да станеме шампиони, треба да ги победиме“, изјави Габриел Жезус.
Бразилецот дојде на „Емирати“ токму од редовите на Манчестер Сити.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski