Connect with us

Франк Кеси доаѓа во Ал-Ахли, ќе биде нов соиграч на Алиоски

Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска, Франк Кеси, ја напушта Барселона и заминува во Саудиска Арабија. Тој сакаше да си замине бидејќи е незадоволен од статусот кај тренерот Чави, а нов клуб ќе му биде Ал-Ахли. Кеси доаѓа во тимот на Езгјан Алиоски.


Поради финансиски богатата понуда од Саудијците тој ги одби Тотенхем и Јувентус, а Барселона треба да добие 15 милиони евра обештетување.

Кеси минатото лето пристигна во Барселона како слободен играч од Милан и собра 1797 минути. Со доаѓањето на Илкај Гундоган ќе му биде намалена минутажата, а по разговорот со Чави реши да го напушти клубот.

Ал-Ахли оваа сезона веќе донесе неколку играчи со големо европско искуство. Нови соиграчи на Кеси ќе бидат поранешниот играч на Манчестер Сити, Ријад Махрез, поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роберто Фирмино, поранешниот голман на Челси, Едуард Менди и поранешниот напаѓач на Њукасл, Алан Сен Максимин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови