
Флоријан Вирц е желба на многу европски клубови, а веќе е познато дека Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн стапиле во контакт со играчот на Баер Леверкузен. Новиот шампион на Германија тешко ќе успее да го задржи ова лето, а од клубовите кои го контактирале, изгледа дека Вирц веќе знае за кого сака да потпише.
Младиот германски играч за врска ги воодушеви сите со своите настапи минатата сезона во Баер Леверкузен и е еден од најзаслужните за тоа што Баер ја освои титулата во Бундес-лигата.
Иако и минатото лето имаше неколку понуди да го смени клубот, Вирц реши да остане во Баер Леверкузен, но според моменталната состојба, ова лето ќе биде многу потешко да го задржат.
Веќе неколку месеци се пишува дека три клуба водат голема борба за потписот на Вирц – Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Реал и Баерн веќе минатото лето беа заинтересирани за играчот од средниот ред, а Сити неодамна се вклучи во трката затоа што Пеп Гвардиола го гледа Вирц како идеална замена за Кевин де Бруин.
Во Баер Леверкузен, пак, задоволно ги тријат рацете бидејќи инсистираат дека кој и да го сака Вирц, мора да ја активира откупната клаузула од 125 милиони евра – под таа сума не ни размислуваат да го продадат.
Секако, за клубовите кои покажаа интерес парите не се проблем, па изгледа дека на крајот токму Вирц ќе ја има последната одлука каде ќе продолжи.
Според реномираниот „Билд“, Вирц веќе ја донел својата одлука. Наводно, негов избор е Реал Мадрид, и тоа им го соопштил на своите агенти. Тој е свесен дека „кралевите“ ќе прават промени во средниот ред и дека токму тој може да биде клучниот играч на таа позиција во иднина.
Сепак, Вирц не ги одбил ниту понудите од Сити и Баерн, бидејќи сака да има резервна опција доколку трансферот во Реал Мадрид не се реализира.
🚨 Florian Wirtz is prioritising a move to Real Madrid this summer, with Man City his second choice and Bayern his third option.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 18, 2025
He has a €125m release clause, which Bayer Leverkusen will insist is met in full.
(Source: BILD) pic.twitter.com/dyuASwljLk

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski