Connect with us

Фил Фоден ќе добие тројно поголема плата со новиот договор за Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во новата сезона ќе се потпира на поинаков напад, но едно име останува константа – Фил Фоден. Репрезентативецот на Англија, како и неговиот тимски колега Родри, добија понуди за нов договор.


Клубот веќе има постигнато устмен договор со Фоден за новиот договор, според кој неговата плата тројно ќе се зголеми. Тој ќе заработува 200.000 фунти неделно според новиот „дил“.

„Граѓаните“ веќе го продадоа Габриел Жесус на Арсенал, а се очекува да се разделат и со Рахим Стерлинг кој ќе се пресели во Челси. На напаѓачките позиции, Гвардиола ќе се потпре на својот нов централен напаѓач Ерлинг Халанд, како и на аргентинскиот талент Хулијан Алварез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови