Турскиот гигант Фенербахче тргнува во акција за ангажман на Енис Барди. „Десетката“ на македонскиот национален тим има понуди и од неколку шпански прволигаши, а се претпоставува дека ова лето ќе го напушти Леванте кој е на работ на испаѓање од Ла Лига.
Шпанскиот клуб неодамна ја искористи клаузулата автоматски да му го продолжи договорот на Барди за дополнителни две сезони, но прашање е дали одличниот играч за врска ќе остане доколку Леванте го загуби статусот во елитата.
Бетис и Реал Сосиедад се шпанските прволигаши кои засега се конкуренција на Фенербахче за евентуален ангажман на Барди, а италијанските медиуми своевремено споменуваа дека за него се интересираат и Милан и Торино.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski