Connect with us

Елмас: Среќен сум за победата и за мојата добра игра

Наполи со огромни чекори се движи кон освојување на шампионската титула. Синоќа тимот на Лучијано Спалети го победи Сасуоло на гости со 0-2 и сега има 18 бода предност во однос на Интер.


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и даде голем придонес во новиот триумф, а головите ги постигнаа Кварацкелија и Осимен.

„Среќен сум дека играм и се трудам да ја стекнам и оправдам довербата кај тренерот Спалети. Среќен сум и затоа што тимот оствари нова победа. Минатата сезона имавме големи проблеми со Сасуоло. Но, сега тимот функционира добро и за тоа сите имаат своја заслуга“, изјави Елиф Елмас по најновиот триумф на Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови