Connect with us

Елмас: На 90 минути сме од Светско првенство

Италија е елиминирана, следната мисија е Португалија. Сега Македонија ќе биде посилна за Елиф Елмас и за Тихомир Костадинов кои „одлежаа“ суспензии против „аѕурите“ во Палермо.


„Ова ќе биде еден од најтешките натпревари, но и секако највозбудлив за сите фудбалери што сме тука. Не делат 90 минути од Светско првенство, да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела Македонија. Шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме. Што се однесува до Португалија, сметам дека се инидивудуално поквалитетни од Италија. Би сакал да не потценат, но мислам дека нема да го сторат тоа, затоа што ова е финале за пласман на мундијалот“, изјави Елиф Елмас.

Македонскиот национален тим во попладневните часови патува за Порто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови