Македонскиот првак Струга ТЛ е во очекување на дуелот со Будуќност во Конференциската лига, откако претходно беше елиминиран од Жалгирис во квалификациите за ЛШ. Тренерот Шпетим Дуро верува дека неговиот тим е фаворит, а има максимален респект за црногорскиот состав.
“Не бевме заморени физички по дуелот со Жалгирис, но моравме да го надминеме психолошкиот момент. Бевме блиску до триумф, а на крајот бевме елиминирани. Но, сега сме фокусирани на мечот против Будуќност. Ги респектираме максимално, тие се клуб со голема традиција во Црна Гора, но верувам дека ние сме фаворити кога е во прашање моменталната форма и колективот”, изјави Шпетим Дуро.
Натпреварот се игра утре, со почеток во 17 часот, на стадионот “Билјанини извори” во Охрид.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski