Искусниот фудбалер за врска Драган Стојков е новото засилување на Брера. Тој се приклучи на тимот, кој идната недела заминува на подготовки во Анталија. 35 – годишниот играч од средниот ред по подолг период се враќа во родната Струмица.
„Среќен сум дека после неколку сезони се враќам повторно во мојот роден град, сега како член на тимот на Брера. Покрај големото задоволство што ќе сум дел од тимот, се надевам дека со моето искуство и напорна работа ќе придонесам екипата да ја оствари заедничката цел за оваа сезона и да ја радуваме струмичката јавност“, изјави Драган Стојков.
Драган Стојков е фудбалер од школата на струмичка Беласица а во својата кариера има настапувано во повеќе клубови во Грција, Србија и САД. Од 2018 година повторно е дел од мак – фудбалот и настапува за Беласица, Работнички, Тиквеш и за Македонија ЃП.
Лани за Македонија ЃП, Стојков има одиграно 17 меча, постигнувајќи еден гол.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski