Connect with us

Директорот на Борусија Дортмунд: Халанд ни стана преголем товар

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд, беше главна тема на разговор во летниот преоден рок. Одличниот напаѓач потпиша договор со Манчестер Сити во трансфер од 60 милиони евра, а на „граѓаните“ веќе почна да им се исплати.


Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, изјави дека продажбата на Халанд е добра работа и за Дортмунд и за Сити.

„Колку и да го ценевме, со се што направи за клубот дефинитивно стана товар, и за соблекувалната и за клубот. Во суштина сè се вртеше околу него. Токму поради оваа причина, дојде време да го продадеме, тоа беше добра работа за нас и за Сити. Тоа го потврдува и фактот што десет гола за нашиот клуб оваа сезона постигнаа десет различни стрелци“, изјави Кел.

Халанд го освои Купот на Германија во дресот на Борусија Дортмунд, а на 89 одиграни натпревари постигна 86 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови