Connect with us

Димитриевски: Одлично сум, благодарам на сите за грижата….

Голманот Столе Димитриевски е првиот македонски фудбалски репрезентативец позитивен на Ковид-19. Димитриевски изолацијата поради коронавирусот ја минува без апсолутно никакви симптоми, како што вели, во одлична состојба…. 

„Вчера без известен дека сум позитивен на Ковид-19, по тестовите кои ми беа извршени минатиот вторник. За среќа, во одлична состојба сум и се одморам дома, како што предвидуваат протоколите. Ви благодарам на сите за искажаната грижа, и наскоро се враќам во тимот уште посилен и порешителен“ – напиша Димитриевски на социјалните медиуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови