Connect with us

Дилгеров заминува од Работнички

Бугаринот Николај Дилгеров ќе има кус престој во Работнички. Се очекува тој спогодбено да го раскине договорот и да го напушти клубот од Дебар Маало по само четири одиграни кола во Првата фудбалска лига. Фудбалерот за врска беше доведен како големо засилување, но очигледно не се вклопи најдобро во составот на „романтичарите“.

Работнички има слаб старт на пролетниот дел од првенството. Во четири кола оствари еден триумф, две ремија и пораз од Академија Пандев во директниот дуел со конкурент за настап во Европа.          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови