Connect with us

Џеко одбил трансфер во Јувентус, ќе остане на „Меаца“ и ќе се бори за место со Лукаку

Напаѓачот на Интер, Един Џеко, ја одбил можноста да прејде во Јувентус. Босанскиот интернационалец преферира да остане во Интер, иако со враќањето на Ромелу Лукаку сигурно е дека ќе има помала минутажа во новата сезона.


Јуве изминатиот викенд даде конкретна понуда за Џеко, но 36-годишниот напаѓач ја одби. За да покаже дека е амбициозен да се бори за своето место во Интер, тој дури и предвреме пристигна на почетокот на летните тренинзи.

На тренерот на „бјаконерите“, Масимилијано Алегри, многу му се допаѓа стилот на игра на Џеко и не е првпат да го сака во својот тим.

Минатата сезона Босанецот постигна 17 гола на 48 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Интер е до летото 2023 година, а неговата плата е 4 милиони евра по сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови