Connect with us

Џејдон Санчо доби понуда од Саудиска Арабија по расправијата со Ерик тен Хаг

Клуб од Саудиска Арабија му понудил на Манчестер Јунајтед да го купи Џејден Санчо, тврди „Спорт Италија“. Трансферниот период се затвора утре, давајќи им на „црвените ѓаволи“ малку време да одлучат што да прават.


Понудата доаѓа поради јавното незадоволство на Санчо кон менаџерот Ерик тен Хаг.

Тренерот изјави дека го оставил Англичанецот надвор од тимот за претходниот натпревар со

Арсенал поради незадоволителен настап на тренинзите.

Сепак, самиот фудбалер подоцна одговори дека тоа не е вистина.

Јунајтед плати 85 милиони евра за Санчо во летото 2021 година, но досега не ги оправда вложените пари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови