Connect with us

Деко ќе биде нов спортски директор на Барселона и ќе лобира за враќањето на Лео Меси

Барселона од лето ќе има нов спортски директор и тоа речиси сигурно ќе биде поранешниот играч на тимот, Португалецот Деко. Претходно денеска клубот „Камп Ноу“ објави дека Матеу Алемани ќе ја напушти функцијата по крајот на сезоната.


Информациите за Деко ги објави каталонското радио „RAC-1“. Тој долго време работеше како претставник на Барселона во Португалија и во Бразил, а минатата година помогна во потпишувањето на Пјер-Емерик Обамејанг и на Рафиња.

Се верува дека Деко е во добри односи со Алехандро Ечеварија, кој е близок до Лео Меси.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ќе се обиде да го искористи Португалецот како посредник меѓу клубот и Ечеварија за враќањето на аргентинската суперѕвезда на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови