Connect with us

Челси во офанзива: Кунде во одбраната, Габриел Хесус и Дембеле во нападот

Англискиот премиерлигаш Челси долго време чекаше конечно да ги добие новите сопственици, а сега се е подготвено за летен шопинг. Тимот на Томас Тухел ќе доживее огромни промени, најмногу во одбраната, бидејќи Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен веќе си заминаа од клубот како слободни играчи, а наскоро би можеле да ги следат Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо, кои влегуваат во последната година од договорот.


Цел број еден за одбраната и понатаму е Жул Кунде. Севилја долго време се спротивставува на понудите, но наскоро би можела да ја прифати онаа на Челси доколку се искачи до 70 милиони евра. Барса се споменуваше како единствен ривал на Челси во оваа трка, но каталонскиот клуб нема пари. Кунде сака да си замине и како што стојат работите, тој е најблиску до Челси.


Нема да биде доволен еден стопер, бидејќи двајца си заминаа, а ако замине Аспиликуета, Тухел можеби ќе бара и уште еден. Цел број два е Матијс де Лихт. Холанѓанецот не прифати намалување на платата во Јувентус, има силен договор до 2024 година и ќе се согласи на намалување само доколку се намали откупната клаузула. Челси ја мери ситуацијата и бара шанса да го доведе Холанѓанецот во својот тим.


Третото големо засилување ќе биде во нападот, а тоа е Осман Дембеле. Французинот не се договори со Барса, ќе го напушти клубот како слободен играч, а Тухел со месеци го убедува Дембеле на повторна соработка. Дембеле дојде на големата сцена во тимот на Томас Тухел што го предводеше во Дортмунд, па не е изненадување ако повторно се обединат.


Дембеле не е единствената цел, бидејќи Тухел го сака и Габриел Хесус од Манчестер Сити. Челси е уште еден клуб кој влегува во трката за неговиот потпис, бидејќи е јасно дека е на продажба по доаѓањето на Ерлинг Халанд.


Сити е подготвен да го продаде за 50 милиони евра, а го бркаат Реал Мадрид, Челси, Арсенал и Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови