Connect with us

Челси повторно носи менаџер од Брајтон: Роберто Де Зерби доаѓа на „Стемфорд бриџ“?

Челси игра катастрофална сезона во која новото раководство на клубот реши да го отпушти Томас Тухел и да го замени со Грем Потер. Сепак, овој стручњак не донесе ништо ново на „Стемфорд Бриџ“ и сега сѐ погласно се зборува и за негово заминување.


Но, сензационалната вест која доаѓа од Челси е дека тие повторно би сакале да го доведат менаџерот на Брајтон, како и во случајот со Грем Потер.

Тод Боели, сопственикот на Челси, според медиумите на Островот, со задоволство би го видел повторно на клупата човекот кој го води Брајтон, а тоа е Италијанецот Роберто Де Зерби.

Грем Потер на клупата на Челси има девет победи, десет порази и седум ремија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови