Connect with us

Челси нуди 150 милиони евра за Рафаел Леао

Рафаел Леао беше еден од клучните играчи на Милан минатата сезона во која „росонерите“ го освоија „скудетото“, а Томас Тухел го сака во Челси и подготвен е да плати 150 милиони евра.
Леао со 22 години е еден од најдобрите млади играчи во светот во моментов. Крилниот напаѓач беше одличен во текот на минатата сезона и со своите игри заинтересира многу големи клубови.


И Милан е голем европски клуб, но за разлика од некои други гиганти, нема таква економска моќ во моментот. Англиските тимови, вклучувајќи го и Челси, можат да купат кого сакаат, а „сините“ се насочени токму кон португалскиот интернационалец.


Леао има договор со Милан до летото 2024 година, а засега не е познато дали ќе потпише нов договор. Секако, челниците на Милан сакаат што поскоро да потпишат нов договор за да ги избегнат ситуациите кои веќе ги имаа со Хакан Чалханоглу, Франк Кеси и Џанлуиџи Донарума, кои си заминаа како слободни играчи.


Доколку Челси не успее да го доведе младиот Португалец до крајот на летниот преоден рок, се верува дека тој ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“ во јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови