Connect with us

Челси и ПСЖ ќе наддаваат за Левандовски, ако пропадне неговиот трансфер во Барселона

Челзи и Пари Сен Жермен ќе се обидат да го ангажираат Роберт Левандовски доколку пропадне трансферот на напаѓачот во Барселона. Пред неколку дена претседателот на каталонскиот клуб, Хоан Лапорта, откри дека се уште чека одговор од Баерн Минхен за конечната понуда од негова страна. Понудата, која е трета по ред, изнесуваше 40 милиони евра, плус уште пет милиони во вид на бонуси.


Но, Баерн Минхен сака минимум 50 милиони евра за да го продаде Левандовски една година пред истекот на неговиот договор.

Челси и ПСЖ чекаат да видат каков е одговорот на баварскиот клуб, а доколку биде негативен и Барселона не даде нова понуда, тие ќе влезат во наддавање за Полјакот.

Левандовски за два дена треба да започне со тренинзи со тимот на Баерн Минхен. Сепак, се шпекулира дека нема да го стори тоа за да изнуди преселба на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови