Connect with us

Чави го повлече од игра, а Рафиња збесна на клупата: Сепак, брзо се извини (ВИДЕО)

Барселона и Манчестер Јунајтед одиграа 2-2 на „Камп Ноу“, но сите зборуваат за постапката на Рафиња кој збесна откако Чави одлучи да го повлече од игра.


Тој налутен го напушти теренот и не му подаде рака на Феран Торес, а потоа и почна да удира по седиштето пред него на клупата за резерви. Жорди Алба се обиде да го смири, но безуспешно.

Рафиња сепак сфати дека згрешил и им се извини на тренерот и на соиграчите за недолична реакција.

„Би сакал уште еднаш да им се извинам на сите, особено на тренерот за моето однесување при напуштањето на играта. Му се извинувам и на Феран Торес, на целиот тим и на навивачите. Понекогаш толку многу гориш од желбата да му помогнеш на тимот да се подобри и тоа не можеш да контролираш некои од своите постапки. Жал ми е. Веќе разговарав со Чави“, изјави Рафиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови