Македонскиот прволигаш Брера продолжува со сериозно развивање на брендот на клубот откако вечерва отвори Фан шоп во центарот на Струмица. На отворањето присуствуваше претседателот на клубот Горан Пандев, спортскиот директор Јован Симиќ, како и шефот на стручниот штаб Бојан Круљ и фудбалерите на тимот.
Во Фан шопот можат да се купат сите потребни реквизити со логото на Брера, дресови, маици, шалови, капи, пенкала, шолји и сѐ останато од навивачки реквизити.
Горан Пандев е среќен дека клубот се развива во вистински правец и најавува дека во иднина целта на Брера е да се бори за шампионската титула во Македонија и за излез на европска сцена.
„Чекориме по вистинскиот пат на организациски план. Со максимално залагање и максимален пристап ќе ги достигнеме посакуваните резултати. Наша цел е освојување на шампионската титула во следните години. Тоа не го криеме. Луѓето што го водат клубот од Америка целат на европски успех бидејќи ако не играме во Европа сѐ е залудно. Тоа е целта – да играме во Европа и максимално залагање за да котираме високо“, изјави Горан Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski