Марјан Алтипармаковски е најновото засилување за штипскиот прволигаш Брегалница. Искусниот напаѓач кој ова лето замина од Струга Трим Лум, стави потпис за верност кон штипскиот тим. Тој треба да претставува значајно засилување за составот на Марјан Секуловски, посебно по повредата на Андреј Кудијан.
“Брегалница продолжува да ангажира докажани македонски прволигашки имиња како засилување за тимот во пресрет на новата сезона”, вели спортскиот директор Никола Тонев.
Марјан Алтипармаковски во Македонија има настапувано и за Пелистер и за Работнички, а беше интернационалец во Ксанти и Панилиакос (Грција), Интер Запрешиќ (Хрватска), Судува (Литванија) Сараево (БиХ) и Лачи (Албанија).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski