Connect with us

Брегалница ги стартуваше зимските подготовки (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Брегалница означи старт на зимските подготовки. Тренерот Горан Здравков го одржа првиот собир со фудбалерите, а потоа на помошното игралиште беше одржан и првиот тренинг.

Брегалница најавува дека во наредните денови ќе има повеќе информации околу новите засилувања и плановите за пролетниот дел од сезоната.

По есенската полуетапа, штипскиот тим се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 17 бода и го очекува тешка битка за опстанок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови