Фудбалерот за врска на Струга ТЛ, Бесмир Бојку, синоќа беше успешно опериран во болницата „8 Септември“ во Скопје, по тешката повреда што ја заработи на натпреварот против Работнички.
Неговиот рехабилитациски процес ќе трае околу девет месеци и долго ќе отсуствува од фудбалските терени.
По жестокиот дуел во 85. минута, Бесмир Бојку се здоби со скршеница на десната нога. Лекарските прегледи констатираа дека се работи за скршеница на тибијата и на фибулата.
Оваа сезона за Бојку дефинитивно е завршена, а доколку сѐ оди според планот, се очекува тој да се врати на фудбалот пред крајот на 2024 година.
Утрово Бојку беше посетен и од првиот човек на Струга Трим Лум, Менди Ќира, кој му даде поддршка и му посака брзо закрепнување во името на клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski