Поранешниот младински репрезентативец Бесир Демири е на прагот да го засили македонскиот првак Шкупи. Тој во минатото беше член на Шкендија и на Вардар во македонскиот шампионат, а всушност е дете на Шкупи. Сега доаѓа од албанскиот клуб Динамо Тирана.
Гоце Седлоски го има Блертон Шеји на левата странична позиција, но сака да ја засили конкуренцијата и со поискусниот Бесир Демири.
Шкупи по елиминацијата во ЛШ од Динамо Загреб сега го очекува двомеч со ирскиот Шамрок Роверс во квалификациите за Лига Европа.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement