Connect with us

Белоти ќе потпише тригодишен договор со Рома

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти ќе ги помине медицинските прегледи во Рома и ќе потпише со клубот како слободен играч до крајот на неделата, пишува „Кориере дело спорт“. Договорот на 28-годишниот Белоти со Торино истече на крајот на јуни. Новиот договор на Италијанецот се очекува да биде на три години.


Рома постигна договор за продажба на Феликс Афена-Џан на Кремонезе, па напорите ги насочува кон финализирање на трансферот на Белоти. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сакаше да го доведе во својот тим уште додека беше на чело на англискиот Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови