Connect with us

Барселона против Кадиз сака да сруши негативна традиција од 16 години

Фудбалерите на Барселона денеска гостуваат кај тимот на Кадиз против кој немаат четири победи во низа. Верувале или не, откако Кадиз се врати во елитата пред две години, по 14 сезони во втората лига, Барса нема победа на четири меча против тимот од Андалузија.


Со Роналд Куман на клупата Кадиз славеше како домаќин со резултат 2-1, а потоа на „Камп Ноу“ беше нерешено, 1-1.

Куман не успеа да го победи Кадиз ниту на второто гостување на југот на Шпанија, минатиот септември беше 0-0, а потоа со Чави на клупата на Барса забележа пораз на „Камп Ноу“ во април, кога сезоната веќе беше загубена (0-1).

Во тие четири натпревари, Барса прими само два гола, што е веројатно најлошата серија на Каталонците против една екипа.

„Не размислувам за Баерн Минхен, туку само за Кадиз“, изјави вчера Чави.

Пред овие четири натпревари, Барса се сретна со Кадиз во сезоната 2005/06, а последниот триумф го донесе Роналдињо во април 2006 година, кога беше 1-0. За Барса тогаш играа и Деко, Ето, Жили, Иниеста, Ларсон, Пујол, Ван Бомел…

По четири неуспеси со Кадиз, денес работите се сосема поинакви, бидејќи Барса е најсилна во изминатите пет години, а Андалузијците се заглавени на дното на табелата.

Кадиз нема освоено ниту еден бод, но што е полошо, на четири натпревари немаат постигнато ниту еден гол, имаат гол разлика 0-10.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови