Македонскиот репрезентативец Енис Барди ја надмина повредата и се врати на теренот изминатиов викенд кога Леванте загуби од Севилја. В четврток следи нов предизвик, неговиот тим ќе го пречека актуелниот шампион Атлетико Мадрид.
„Секој меч е нов предизвик и има свое значење. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот и дека ќе оствариме позитивен резултат“, изјави Барди.
Тој се уште не е максимално подготвен, но се надева дека брзо ќе фати ритам.
„Ми беше тешко по враќањето на теренот. Сега работам напорно за да се вратам во форма и да му помогнам на тимот“, дополни Барди.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski