Connect with us

Баерн Минхен сака да го врзе Горецка до 2026 година

Германскиот првак Баерн Минхен најверојатно ќе успее да го убеди репрезентативецот Леон Горецка да остане на „Алијанц арена“. Неговиот актуелен договор истекува наредното лето, а раководството на клубот подготви нова петгодишна соработка според која тој би заработувал 15 милиони евра по сезона. Тоа е речиси двојно зголемување на платата за одличниот играч за врска.

За Горецка постои интерес од Реал Мадрид и од Манчестер Јунајтед, но тие би сакале следната година да го потпишат како слободен агент. Со новиот договор, Горецка ќе биде втор најплатен фудбалер на Баерн Минхен, веднаш зад Роберт Левандовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови