
Баерн Минхен контактирал со агентите на Бернардо Силва за да разговараат за евентуален трансфер од Манчестер Сити кај Баварците на крајот на сезоната, објави каталонскиот „Спорт“.
Гигантот од Минхен е подготвен да плати повеќе од 60 милиони евра за да го купи 29-годишниот португалски репрезентативец и да му понуди висока плата со долгорочен договор.
Во тековната сезона Бернардо Силва одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа 11 гола и шест асистенции.
Неговиот договор со клубот од Манчестер е до летото 2026 година.
Играчот од средниот ред се пресели во Манчестер Сити од Монако во 2017 година, а претходно играше за Бенфика во својата татковина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
