Connect with us

Аврамовски стрелец во триумфот на Болуспор против тимот на Лука Станковски (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски продолжува со добри игри и голови во Втората лига на Турција. Тој беше стрелец на гол во триумфот (1-2) на гости против Тузласпор, новиот тим на Лука Станковски.

Аврамовски погоди во десеттата минута, по една воиграна акција по прекин на игра. Тој шутираше откосо од левата страна и го отвори резултатот.

Тузласпор израмни од пенал во 31.минута преку Мамба, а триумфот на Болуспор го донесе Онур Улас во 89.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови