Connect with us

Атлетико Мадрид со убедлив триумф над Бетис (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид кончено ја прекина низата од лоши резултати, и дојде до поаскуваните три бода против тимот на Реал Бетис (3-0). Состоавот на Диего Симеоне немаше победа од 2 октомври, кога триумфираше со 2-0 над Барселона. Потоа следеше поразот од Ливерпул во Лигата на шампионите, па два нерешени резултати по ред во Ла Лига.

Атлетико дојде во водство во 26. минута преку Јаник Караско, кој откако доби одлична топка од Кореја, ја издрибла одбраната на птротивникот и погоди со силен шут во поблискиот агол на голманот.

Вториот погодок на домаќините беше по заслуга на дефанзивецот на Бетис, Герман Пецела, кој во обид да ја отстрани опасноста при еден корнер, стрелаше со глава во својата мрежа. Финалниот резултат од 3-0 го постави Жоао Феликс, по одличниот контра-напад кој го започна Гризман на само 10 минути пред истекот на регуларното време.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови