Connect with us

Атлетик Билбао го продолжи договорот со Валверде

Атлетик Билбао го продолжи договорот со тренерот Ернесто Валверде. Неговиот претходен договор истекуваше на крајот од сезоната, но обновен е за една дополнителна година, до јуни 2024 година.


59-годишниот стратег минатото лето се врати на „Сан Мамеш“ за трет период на чело на тимот. Тој е тренер со најмногу натпревари во клупската историја – 332.

Меѓу успесите на Валверде на кормилото на баскискиот клуб се и освојувањето на шпанскиот Суперкуп, како и петте пласмани во европските натпреварувања во последните шест сезони во кои ги водеше.

„Чест ми е што клубот верува дека јас сум вистинската личност да го водам Атлетик Билбао уште една година. Тоа е позиција која носи многу одговорности. Знам како е да се прифати предизвикот да се остане уште една година. Среќен сум и благодарен што можеа да изберат кој било тренер, но ме избраа мене. Уживам да работам со тимот и имаме потенцијал да продолжиме да се подобруваме“, изјави Валверде за клупската телевизија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови