Раководството на англискиот премиерлигаш Арсенал наскоро ќе започне преговори со претставниците на Букајо Сака во врска со нов договор за крилниот напаѓач. Англискиот репрезентативец, кој не одиграл натпревар од декември поради повреда, има договор со „топчиите“ уште две сезони.
23-годишниот фудбалер има девет голови и 13 асистенции оваа сезона и генерално е еден од најважните играчи во тимот на Микел Артета.
Арсенал моментно е на второто место во Премиер – лигата и теоретски сè уште има шанса да ја освои титулата, иако Ливерпул има предност од 12 бодови. Лондонскиот клуб се пласираше и во четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со Реал Мадрид.
Сè уште не е познато кога Арсенал повторно ќе може да смета на Букајо Сака, но клубот се надева дека ќе биде подготвен за дуелите против шпанскиот гигант, кои се закажани за 8 и 16 април.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













