Connect with us

Англичаните две години правеле план како да го запрат Килијан Мбапе на Светското првенство

Англија и Франција ќе ги одмерат силите во можеби најинтересниот натпревар во четврт-финалето на Светското првенство кое се игра во Катар. Двете селекции одиграа навистина добро во претходниот дел од Мундијалот, но само за една ќе има место во полуфиналето.


Главната енигма за Англија е како да го запре Килијан Мбапе, а ако успеат да го направат тоа, сметаат дека повеќе од половина работа ќе им биде завршена.

Како што пишуваат медиумите од Островот, нивната репрезентација две години планира како да го запре напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Герет Саутгејт и неговиот стручен штаб знаеле дека ќе треба да се соочат со Франција, па почнале да прават план.

Тренерот на Англија, Тим Дитмер, бил задолжен за оваа стратегија, која тајно го следеше секој потег на Дидие Дешамп. Кога станува збор за анализите, главниот фокус секакое на Килијан Мбапе. Не се откриваат многу детали, но медиумите стигнаа до резултатите од анализата.

Така, идејата е да се стави еден фудбалер кој строго ќе ја маркира најголемата француска ѕвезда и максимално ќе го изолира од играта.

Еден од наведените примери за ова е дуелот меѓу Кристијано Роналдо и Дани Алвеш за време на нивните денови во Реал Мадрид и во Барселона.

Според сите проценки, тоа треба да биде Кајл Вокер, за кого сите во Англија се согласуваат дека е можеби единствениот кој може успешно да ја заврши работата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови