Connect with us

Ањели со остра реакција: Многу од навивачите следат фудбал од помодарство

Една од клучните фигури на Европската Суперлига и претседател на Јувентус, Андреа Ањели, се обиде да ја објасни идејата позади формирањето на новото натпреварување. Според него, голем процент од навивачите го следат европскиот фудбал со цел за да не изостануваат од главните настани.

“Ако ги погледнеме истражувањата, можеме да кажеме дека една третина од навивачите на глобално ниво следат најмалку два клуба”, рече Италијанецот.

“Тоа е многу поразлично од пред само неколку години. Десет проценти од навивачите следат играчи, а не клубови. Две третини го следат фудбалот поради стравот да не пропуштат нешто важно или само затоа што сакаат големи настани”.

Што се однесува до Суперлигата, од УЕФА се заканија дека ќе ги исфрлат Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси од тековната Лига на шампиони како казна за создавање на новото скандалозно натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови