Connect with us

Анчелоти се двоуми пред Ливерпул: Контрола на средниот ред или поофанзивен Реал?

Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е добро и ќе го започне утрешниот прв натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул. Ова го откри тренерот Карло Анчелоти на официјалната прес-конференција.


Италијанецот призна дека сѐ уште не е одлучен за тоа со каков состав ќе игра на „Енфилд“, се двоуми дали да започне со четворица играчи во средниот ред или да користи напаѓачка формација со тројца играчи од средниот ред и тројца напаѓачи, Бензема, Винисиус и Родриго.

„Бензема е добро и ќе започне утре. Со голем ентузијазам приоѓаме на секон меч од Лигата на шампионите. Сеќавањето на минатата сезона е сè уште свежо. Финалето во Париз беше многу рамноправно. Да, тие можеби имаа поголем посед, но ние бевме цврсти во одбраната. Но, сега е многу поинаку бидејќи се работи за два натпревари. Мора да се снајдеме добро во сите 180 минути“, вели Анчелоти.

„Отсуството на Крос и Чуамени е нешто непредвидено и непосакувано, но не ми пречи затоа што добро се снајдоа оние кои ги заменија во последните натпревари. Ова ни дава самодоверба. Кој и да игра утре, сигурен сум дека ќе биде одличен. Сè уште се двоумам дали да излезам со состав кој има поголема контрола или е поофанзивен. Треба да размислам и ќе одлучам утре“, истакна Италијанецот.

Карло Анчелоти вели дека Ливерпул има фантастичен тим.

„Екипата на Ливерпул никогаш не ги загубила своите квалитети. Очекуваме многу интензивен натпревар во кој ќе бидеме под голем притисок и нема да имаме време да здивнеме. Добро знаеме што нѐ чека и подготвени сме. Кој играч на Ливерпул најмногу ме загрижува? Не можам да ви кажам дали се работи за Салах, Ван Дајк, Дарвин Нуњез или некој друг. Ќе ви кажам дека тоа е Ливерпул како целина“, заврши Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови