Connect with us

Американците ќе се обидат да ја изненадат Холандија во првиот осминафинален дуел на СП

Холандија ќе се соочи со САД во првиот осминафинален натпревар на Светското првенство во Катар. Селекцијата на Луј ван Гал е во серија од 18 последователни средби без пораз.


Последниот пораз беше од Чешка во осминафиналето на ЕВРО 2020. Холанѓаните успеаја да се пласираат во осминафиналето на секое Светско првенство на кое играа од 1934 година. Во последните 32 години „лалињата“ во оваа фаза се елиминирани само двапати.


Коди Гакпо е фудбалерот кој постигна три гола за Холандија на овој Мундијал, иако селекцијата упати само осум директни шута во рамките на голот на трите натпревари од првата фаза.
САД завршија на второто место во групата Б, во која беа вклучени и Англија, Иран и Велс. „Јенките“ забележаа нерешени резултати против двата британски ривали пред да обезбедат вредна победа од 1-0 над Иран за да се пласираат во осминафиналето.


Најдобриот фудбалер Кристијан Пулишиќ треба да биде подготвен за денешната пресметката со Холандија иако заработи повреда на претходниот меч.


Американците имаат лош ефект против европските селекции на светските првенства. Последната ваква победа им беше во 2002 година. После тоа, САД имаат шест нерешени и пет порази против европските репрезентации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови