Connect with us

Алегри: Среќни сме дека го имаме Погба назад во тимот

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги пофали своите играчи за реакцијата при тешката ситуација во првото полувреме во која двапати заостануваа, но успеаја да победат со 4-2 во градското дерби против Торино.


Алегри го поздрави и враќањето на Пол Погба, кој влезе во второто полувреме за својот прв натпревар оваа сезона.

„Ни требаа свежи нозе со различни карактеристики. Никогаш не е добро чувството да се извади Анхел Ди Марија, но имаме толку многу натпревари и мораме да бидеме внимателни со него. Го ставив Рабио пред одбраната, имајќи потреба од неговата физичка сила. Тој мора да се подобри офанзивно. Мораме да продолжиме со овој дух и да сфатиме дека замените стануваат одлучувачки. Изведбата на Фаџоли во второто полувреме беше одлична. Помина долго време откако Погба беше со нас и среќни сме што го гледаме на теренот сега. Со натпревари на секои три дена ни требаат сите достапни фудбалери“, изјави Алегри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови