Connect with us

Академија Пандев промовираше две засилувања

Македонскиот прволигаш Академија Пандев се засили со Бакр Абделауи и Андија Секулиќ. И двајцата фудбалери се со тимот од почетокот на подготовките и веќе имаат одиграно неколку пријателски натпревари, па стручниот штаб даде зелено светло за нивен ангажман.


Бакр игра на позицијата лево крило и има 24 години. Ја има поминато младинската школа на Хетафе, а во својата сениорска кариера има настапувано за вторите тимови на Легањес и на Алкоркон. Во Академија Пандев доаѓа од тимот на Љунгскиле од Шведска.

Андија Секулиќ има 19 години и игра на позицијата централен дефанзивец. Последен клуб за кој настапувал е тимот на Слога Краљево.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови