
Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, вели дека јасна цел на тимот е да ја искористи предност на домашниот терен против Пари Сен Жермен во првиот натпревар од полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите. Реваншот ќе се игра во Париз на 7 мај.
„Наша јасна цел е да искористиме предноста на домашниот терен. Мораме да работиме напорно 180 минути за да го исполниме нашиот голем сон. Во моментов, се чини дека Пари Сен Жермен е во најдобра форма и има само еден пораз во 2024 година. Направија добри резултати, а ние ќе треба да прикажеме врвно издание за да славиме во Дортмунд“, изјави Терзиќ.
„Не сме задоволни од натпреварот кој го одигравме во Париз во групната фаза. Не создадовме многу шанси за гол. Дефинитивно тоа што го направивме не беше доволно. Во вториот натпревар ситуацијата беше сосема поинаква. Ја научивме лекцијата, самоуверени сме и мислиме да го покажеме тоа вечерва и следната недела во Париз“, истакна тренерот на Борусија Дортмунд.
Марсел Сабицер се опорави од болеста која ја имаше минатите денови, а на вчерашниот тренинг тестот го мина и Дониел Мален.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
