
Белгискиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема да биде повикан за претстојното Европско првенство, бидејќи поголемиот дел од сезоната отсуствуваше поради повреда.
Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, откри дека 31-годишниот голман не играл досега оваа сезона, откако се здоби со повреда на коленото во август, а подоцна заработи уште една повреда во март, но неговото враќање во Реал се очекува наскоро.
Уште во декември Куртоа рече дека нема да биде целосно подготвен за ЕВРО 2024 во Германија, и покрај тоа што закрепнува побрзо од планираното. Селекторот Тедеско за „Кикер“ најави дека Тибо Куртоа, кој има 102 натпревари за репрезентацијата на Белгија, нема да биде дел од составот за шампионатот на лето.
„Ние сме концентрирани на момците кои се здрави“, објасни Доменико Тедеско, кој веќе го номинираше голманот на Штутгарт, Кун Кастелс за свој прв избор.
Белгија ќе го започне ЕП 2024 во групата Е со мечот против Словачка на 17 јуни, а потоа има и дуели со Романија и со Украина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
