
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека Белград ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2028 година.
Вучиќ ова го откри при стартот на изградбата на Националниот стадион во Сурчин.
„Финалето на Лига Европа ќе се игра на Националниот стадион во 2028 година, тоа е она што треба да знаете“, изјави Вучиќ, кој најави дека стадионот ќе биде готов за две години и им се заблагодари на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и на генералниот секретар Зоран Лаковиќ.
Сè уште неименуваниот национален стадион ќе има капацитет од околу 52.000 седишта и ќе биде изграден според сите стандарди на УЕФА.
„Ќе им дадеме на луѓето да гласаат и да го изберат името на новиот стадион“, дополни Вучиќ.
Стадионот ќе биде изграден според архитектонскиот проект на Марк Фенвик, а треба да биде завршен до крајот на 2026 година. Таму во иднина ќе настапува фудбалската репрезентација на Србија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
