Connect with us

Кварацкелија: Сонувам да ја освојам „Златната топка“

Играчот од средниот ред на Наполи, Квича Кварацкелија, ја коментираше неговата номинација за „Златната топка“.


„Не мислев дека ова ќе биде возможно. Овие работи прават да се чувствувате дека ако дадете сѐ од себе за она што го сакате, сето тоа ќе ви се исплати. Сонувам еден ден да ја освојам Златната топка“, изјави Кварацкелија за „АС“.

Играчот од средниот ред се најде на списокот од 30 номинирани за индивидуалната награда.

Доделувањето на „Златната топка“ ќе се одржи на 30 октомври.

Минатата сезона Кварацкелија учествуваше на 43 натпревари за италијанскиот шампион Наполи, постигнувајќи 14 голови и 14 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови