
Поради обвинувањата за насилство врз бремена девојка, бразилскиот фудбалер Ентони не тренираше со Манчестер Јунајтед, но од саботата сѐ е заборавено.
Дали Ерик Тен Хаг е подготвен да го врати на теренот?
Ентони веќе неколку дена тренира со клубот, а последниот меч го одигра против Арсенал пред еден месец. Ентони во четвртокот разговарал со полицијата во Манчестер и повторно ги отфрлил сите обвинувања, што го сторил и пред седум дена во Сао Паоло.
Ентони мораше да ги исполни сите обврски кон државните органи во Бразил, а патувањето го плати Манчестер Јунајтед, додека неговата банкарска сметка не беше намалена ниту за фунта во текот на претходниот месец.
Ерик Тен Хаг истакна дека Ентони е играч на кој размислува за следните натпревари и дека е во конкуренција за тимот, а можеби ќе го видиме и против Галатасарај.
Бразилецот го гледаше натпреварот против Кристал Палас кој Манчестер Јунајтед го загуби, беше на трибините, можеби е најдоброто решение за проблемите со кои се соочува холандскиот стручњак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal