
Манчестер Сити и официјално го објави трансферот на Ријад Махрез во Ал-Ахли. „Граѓаните“ ќе добијат 30 милиони фунти за 32-годишниот Алжирец, кој пет сезони беше дел од тимот на Пеп Гвардиола.
Тој освои 11 големи трофеи со Манчестер Сити, одигра 236 натпревари за клубот, постигна 78 гола и забележа 59 асистенции.
„Играњето за Манчестер Сити беше чест и привилегија. Дојдов во клубот да освојувам трофеи и да уживам во мојот фудбал и успеав да го постигнам сето тоа и многу повеќе. Поминав пет незаборавни години во овој фудбалски клуб, работејќи со неверојатни играчи, фантастични поддржувачи и најдобриот менаџер во светот. Направив прекрасни спомени за цел живот. Начинот на кој ги освоивме титулите во Премиер лигата, играјќи се со Ливерпул и Арсенал, ја истакна нашата колективна желба и менталитет да бидеме најдобри. Манчестер Сити секогаш ќе биде огромен и среќен дел од мојот живот“, изјави Махрез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal