Connect with us

Бернардо Силва постави нов ултиматум до Барселона

Играчот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, им поставил ултиматум на шефовите на Барселона што поскоро да му дадат јасен одговор дали ќе биде трансферна цел на клубот следното лето, пишува каталонскиот „Спорт“. Причината за ова е што Португалецот има предлог од „граѓаните“ за нов договор.


Играчот од средниот ред сака да дојде на „Камп Ноу“, но во исто време нема проблем да остане во шампионот на Премиер – лигата доколку каталонскиот гигант не може да му вети дека ќе направи се што е потребно за да го добие.

Португалецот беше многу посакуван од тренерот Чави во последниот преоден рок, но договор никогаш не беше постигнат.

Бернардо Силва има договор со Манчестер Сити до летото 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови